• Сашо Поповски
Бранителот на Афричкиот Куп на нации, репрезентацијата на Алжир, го започна овогодишниот турнир со реми без голови против Сиера Леоне (0-0).
Првото полувреме донесе одлична поставеност на аутсајдерот на оваа средба. Алжирските фудбалери имаа проблеми при организацијата на нападите и контрите. Ѕвездите на алжирската репрезентација на моменти покажаа дел од своите квалитети. Ислам Слимани ја промаши најголемата шанса, кога за малку не беше прецизен, по едно додавање на Ријад Марез.
Само што започна вториот дел, Сиера Леона се израдува на погодок. Меѓута ВАР-собата сигнализира офсајд, па реализацијата на Мохамед Буја-Турај не важеше. Алжир доминираше до крајот на натпреварот и беше поблиску до отворање на резултатот. Сите обиди на победникот на претходното издание на натпреварувањето беа одбиени, па на крај дуелот заврши без победник.
- Извештај од натпреварот:
Во рамките од истата група денес својот меч го играат Брегот на слоновата коска и Екваторска Гвинеја.