• Мартин Танасковски


Бундеслигата овој петок официјално се враќа на фудбалскиот репертоар, а честа да ја отвори новата сезона во елитата и истовремено да го угости шампионот ќе ја има Ајнтрахт. Тимот од Франкфурт минатите сезони правеше се што е во негова моќ да го сопне Баерн на патот кон титулите и со самото тоа беше еден од најнезгодните пречки за „баварците“, посебно пред својата публика.
>>> Сите квоти во германската Бундеслига во MOZZART
Ајнтрахт од 2015 година па наваму на свој терен од Баерн загуби на половина од меѓусебните пресметки (четири од осум), што е учинок со каков што малкумина во Германија може да се пофалат против владетелот во тамошниот фудбал. Она што е плус за популарните „орли“ е фактот што овој пат на спротивната страна го нема Роберт Левандовски, човекот кој на 16 стартови во дресот на Баерн против Ајнтрахт постигна 15 и намести уште два гола. Притоа, Гласнер успеа да ја сочува минатогодишната екипа која ја освои Лигата на Европа, меѓу играчите е и Филип Костиќ. Како плус е и ангажманот на Марио Геце, Рандал Коло, Лукас Аларио...
>>> Сите квоти на мечот Ајнтрахт Франкфурт - Баерн Минхен во MOZZART
Баерн на спротивната страна заминувањето на Лева го надополни со ангажман на Садио Мане, а Сенегалецот на деби-настапот во дресот на „баварците“ го одбележа со гол во петката на РБ Лајпциг во финалето на Суперкупот каде уште еднаш фаворитот ја покажа суровата доминација.
Покрај екс-напаѓачот на Ливерпул, Баерн ги донесе и Мазрауи, Гравенберх и Де Лихт, но секој од споменатите тројца првиот официјален меч го почна од клупата и шанса доби во продолжението. Ќе видиме дали ќе биде така и овој петок на незгодното гостување во Франкфурт.