ВИДЕО: Шампионот тргна победнички, Нови Пазар немоќен на „Рајко Митиќ“

Звезда

Актуелниот шампион на Србија, Црвена Звезда со победа го започна новиот шампионат, откако на домашен терен рутински го совлада Нови Пазар (3-0).

Два гола беа постигнати уште во првите 45 минути. Тоа беше доволна причина домашните фудбалери да го намалат интензитетот на игра во продолжението.

Во краток период од пет минути „црвено-белите“ стигнаа до трите бода. Спиридоновиќ отвори во осмата, а Иваниќ од пенал донесе сигурна предност во 13. минута. За да нема никакви дилеми се погрижи Вулиќ во една од последните шанси на натпреварот.

  • Извештај од натпреварот: 

Победи во првото коло остварија уште Чукарички, Радник, Пролетер и Раднички Ниш, а претходно на бодови се радуваше и Партизан.