• Саше Љолес
Актуелниот германски шампион, Баер Леверкузен, извојува победа со 2-1 (2-0) над Сент Паули во натпреварот од тринаесеттото коло на Бундеслигата и го продолжи позитивниот момент на форма.
- Баер Леверкузен - Сент Паули 2-1:
„Фармацевтите“ на Чаби Алонсо ги потврдија трите бода со два гола во првите половина час, а стрелци беа Флориан Вирц и стоперот Џонатан Тах. Вторите 45 минути беа рутина за домаќинот кој имаше уште 3-4 прилики за погодок, но до крајот гостите беа тие што ја затресоа мрежата преку Морган Гилавуги во 84. минута.
За Баер Леверкузен ова е седма победа сезонава и сега вкупно има 26 бода, додека Сент Паули останува на едно место над опасната зона со вкупно единаесет бода.
- Баерн Минхен - Хајденхајм 4-2:
Баерн Минхен имаше мали проблеми, но успеа да го надигра Хајденхајм со конечни 4-2 (1-0) и стигна до 33 бода со кои останува лидер на табелата. Двапати Мусиала и по еднаш Горецка и Упамекано стрелаа за тимот на Винсент Компани, а на спротивната страна мрежата ја тресеа Матијас Хорнсак и Никлас Дорш.
РБ Лајпциг на нашиот Ељиф Елмас се избори за сигурна победа на гостувањето кај Холштајн Кил (0-2) и ја прекина лошата низа од четири мечеви, Вердер Бремен го совлада Бохум со минимални 0-1, додека Ајнтрахт Франкфурт не ја оправда фаворитската улога и ремизираше на домашен терен против Аугсбург со конечни 2-2.