• Иван Димовски
Шампионот Баер Леверкузен славеше на гостувањето кај Унион Берлин (1-2) во рамките на 12. коло на Бундеслигата. Натпреварот во главниот град на Германија понуди доста возбудувања, а на крајот бодовите заминаа на контото на фаворитот.
Веќе во втората минута од средбата Џереми Фримпонг го отвори резултатот и погоди за 0-1. Успеа домаќинот да стигне до израмнување во 29. минута, откако стрела Јеонг Ву Јеонг (1-1). До победата „фармацевтите“ стигнаа во погодокот на Патрик Шик во 71. минута.
- Унион Берлин - Баер Леверкузен 1-2:
Фудбалерите на Волфсбург го декласираа РБ Лајпциг, совладувајќи го со 1-5 (0-3) на „Ред Бул Арена“. Со фуриозен старт гостинската екипа дојде до убедлива предност. Амура и Томас во четвртата и петтата минута донесоа 0-2, а веќе во 16. Амура вторпат се запиша меѓу стрелците. Волфсбург во вториот дел зголеми и на 0-4 со голот на Меле. Во завршницата Орбан постигна почесен гол за Лајпциг, за конечниот резултат да го постави Бехренс (1-5).
На останатите терени Фрајбург ја совлада Борусија Менхенгладбах (3-1), Аугсбург минимално слави со Бохум (1-0), а без победник заврши средбата меѓу Вердер и Штутгарт (2-2).