• Зоран Мишевски
Шампионот на Италија, Наполи на Антонио Конте, влезе во нова криза на резултати. По поразот во средата во Лисабон од Бенфика, во Лигата на шампионите, наполитанците минимално загубија и на „Фриули“ во Удине од Удинезе со 1-0 (0-0), во натпреварот од 15. коло.
- Удинезе - Наполи 1-0:
Моментот на одлука се случи во 73. минута, кога Јирген Екеленкамп на прекрасен начин ја погоди мрежата на Вања Милинковиќ-Савиќ, по додавањето на Кинан Дејвис. Пред и по примениот гол се играше затворено, а двете екипи креираа и по некоја шанса. Можеби најреално ќе беше натпреварот да заврши без победник, но домаќините беа поснаодливи и се радуваат на големи три бода. При 0-0 беа оправдано поништени два гола на Удинезе, на Дејвис и Заниоли, по интервенција на ВАР-собата. При првиот случај Дејвис беше во офсајд позиција, а при голот на Заниоло имаше почетен прекршок на зачетокот на акцијата која донесе погодок.
Агонијата на Фиорентина продолжи со домашен пораз од Верона (1-2). Тимот на Ваноли брзо беше шокиран и гостинот поведе преку Гифт Орбан. Со автоголот на Унаи Нуњез се чинеше дека „виолетовите“ ќе освојат бод, но Орбан со својот втор гол, сега на додавање на Бернабе, донесе три бода за гостите од Верона.
- Фиорентина - Верона 1-2:
Попладнево Интер гостува во Џенова, а вечерва Јуве во Болоња. Колото се затвора утре со дерби дуелот меѓу Рома и Комо.







