• Горан Упале
Шампионот од Индијан Велс, Џек Дрејпер неочекувано забележа рана елиминација на Мастерсот во Мајами.
Благодарение на титулата во Калифорнија, Дрејпер скокна на седмото место на АТП листата, го прескокна првото коло во Флорида, а во второто се сретна со Јакуб Меншик. Чехот, кој моментално се наоѓа на 54. место на АТП листата, победи по два тај-брејка и речиси два часа тенис (7-6/2, 7-6/3). Негов ривал во следната рунда ќе биде победникот од дуелот меѓу Алексеј Попирин и Роман Сафиулин.
Пласман во третото коло забележа и четвртопласираниот во светот Тејлор Фриц кој го совлада Лоренцо Сонего со 7-6/2, 6-3. Сега му претстои пресметка против Денис Шаповалов, кој го надигра Тиаго Агустин Тиранте со 6-3, 6-7/1, 7-6/3.
Томаш Махач го елиминира Матео Арналди со 6-2, 1-6, 6-3, а следен ривал ќе му биде победникот од мечот Холгер Руне – Рајли Опелка.