ВИДЕО: Шампионот на колена, Пуки и Норич го шокираа големиот Сити

Екипата на Манчестер Сити доживеа изненадувачки пораз во Премиер лигата, од еден од повратниците во англиската елита Норич кој пред домашната публика успеа да слави со 3-2 (2-1) над големиот фаворит.

  • Извештај од натпреварот:

„Граѓаните“ на Пеп Гвардиола на хартија важеа за огромни фаворити за победата, но, сепак, потфрлија на терен. „Канаринците“ на својот „Кероу Роуд“ го фрлија шампионот на колена, а повторно клучна фигура на теренот беше сензацијата Тему Пуки.

Финскиот голгетер асистираше за вториот гол во 28. минута, а во 50. минута само ја потврди победата на својот тим откако доби топка од Буендиа и стрелаше во празната мрежа на Едерсон.

Што се однесува до другите два гола за домашните, ги постигнаа МекЛин во 18. и Кантвел во 28. минута, додека првиот гол за тимот на Пеп Гвардиола беше дело на најдобриот стрелец Серхио Агуеро пред самиот финиш на првиот дел, а потоа стрелаше и Родри, во 88. минута од мечот.

За шампионот Манчестер Сити ова беше прв пораз по 18 меча во англиската елита. Последниот неуспех „граѓаните“ го претрпеа против Њукасл, во јануари, 2019 година. Сити во следното коло е домаќин на Вотфорд, додека Норич гостува кај Барнли.