• Горан Упале
Фудбалерите на Динамо Загреб продолжуваат со перфектните настапи во новата сезона во хрватскиот фудбал. „Модрите“ уште од стартот покажуваат дека ланскиот кикс нема да си го дозволат уште еднаш и ја искористија првата шанса да му се одмаздат на актуелниот првак – Ријека.
Во дербито на третото коло од ХНЛ, најтрофејниот славеше сигурна победа на гостувањето кај Ријека со 0-2 (0-2) и му го нанесе првиот овосезонски пораз на бранителот на титулата.
- Извештај од натпреварот:
Динамо Загреб трите бода ги обезбеди за само седум минути, а стрелец на двата гола беше летното засилување Дион Дрена Белјо. 23-годишниот напаѓач првиот погодок го постигна во 24. минута, додека конечните 0-2 ги постави со прецизен удар од белата точка.
ФОТО/PHOTO. GNK Dinamo






