• Саше Љолес
Актуелниот хрватски шампион, Ријека, триумфално ја започна новата сезона во домашното првенство, со победа од 2-0 над екипата на Славен Белупо.
Интересно е што Ријека долго се мачеше за да ги впише првите три бода, а двата гола дојдоа дури во судиското надополнување. Најпрво Шимун Бутиќ погоди во 93. минута, а три минути подоцна конечните 2-0 ги постави Анте Јуриќ.
- Извештај од натпреварот:
Во тимот на Славен Белупо го немаше нашиот Илија Несторовски, а кај домаќините не настапи Коста Манев. Ријека во следното коло ќе гостува кај Осијек, додека Славен на домашен терен ќе го пречека Вараждин.
ФОТО/PHOTO: NK Rijeka/




