Шампионот ќе тестира со Македонија У19, Вардар против третолигаш

Македонските фудбалски клубови ќе го искористат празниот викенд за време на репрезентативната пауза и ќе одиграат тест натпревари. 

Шампионот Струга в четврток ќе биде домаќин на репрезентацијата на Македонија до 19 години. Најтрофејниот Вардар ќе игра против некогашниот прволигаш Еуромилк, прволигашки тест меѓусебе ќе имаат Беса и Шкендија, Силекс оди на мегдан со второлигаш. 

  • Пријателски натпревари на дел од прволигашите:

Струга Трим Љум - Македонија У19 (5 септември, 15:00 часот)
Еуромилк Горно Лисиче - Вардар (7 септември, 17:00 часот)
Беса 1976 - Шкендија (7 септември)
Брегалница - Силекс (7 септември, 15:00 часот)

Возбудувањата во ПМФЛ и ВМФЛ се враќаат следниот викенд, на 14 и 15 септември.