• Саше Љолес

Екипата на Хофенхајм се избори за важна победа против Баерн Минхен (4-2) во последното коло од Бундеслигата и на тој начин обезбеди пласман во Конференциската лига на УЕФА за следната сезона.
- Хофенхајм - Баерн Минхен 4-2:
Баварците имаа двојна предност по само шест минути играа (стрелаа Тел и Дејвис), но домашниот тим до крајот успеа да направи пресврт, се задржа на седмата позиција и избори пласман во евро-куповите.
Херој на Хофенхајм беше Андреј Крамариќ, кој постигна хет-трик и на крајот ги постави конечните 4-2 на натпреварот. Ова е уште еден удар за гигантот од Минхен, кој на крајот од сезоната ќе мора да се задоволи со третата позиција на табелата.
Пласман во Лига Европа обезбеди екипата на Ајнтрахт Франкфурт, која одигра нерешено со РБ Лајпциг (2-2) и стигна до вкупно 47 бода, доволни за шестата позиција во конечната разврска. Нашиот Ељиф Елмас конечно доби шанса во почетниот состав на „биковите“ и одигра вкупно 74. минути.
Од поодамна се познати патниците во Лигата на шампионите, а Германија следната сезона ќе ја претставуваат вкупно пет тима.
- Доделувањето на титулата на Баер Леверкузен:
Како актуелен шампион ќе настапува Баер Леверкузен, кој ја завршува сезоната без пораз откако славеше со 2-1 над Аугсбург.
- Баер Леверкузен - Аугсбург 2-1:
Во елитниот ранг ќе ги гледаме уште Баерн Минхен, Штутгарт, РБ Лајпциг и овогодинешниот финалист, Борусија Дортмунд.