Шампионот детронизиран: ОАЕ ја елиминира Австралија од Азискиот Куп (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е последен патник во четвртфиналето на Азискиот Куп, затоа што во дуелот со актуелниот владетел Австралија успеа да слави со минимални 1-0 (0-0).

На стадионот во Ал Аин, „сокеросите“ беа подобри во првото полувреме, но немаше голови. Австралија притисна и во второто полувреме, но како да остана без сила во 68. минута, па дозволи ОАЕ да казни со погодок на Али Ахмед Мабхуд.

ОАЕ во полуфиналето на Азискиот Куп ќе игра против Катар, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Иран и Јапонија.