Шампионот АЕК доби поддршка од 20.000 фанови пред дербито со Олимпијакос!

Екипата на АЕК од Атина пред само три дена ја освои шампионската титула во Грција, а еуфоријата меѓу навивачите воопшто не се намалува и поставува нови граници. 

На тренингот пред мечот од последното коло против Олимпијакос, играчите и стручниот штаб биле „посетени“ од дури 20.000 навивачи, кои им дале френетична поддршка на своите миленици и шампиони. 

Најверните фанови ја нарекоа посетата на тренингот како „увертира“, најавувајќи вистинска фешта на трибините и спектакуларна прослава на 14. титула во клупската историја. 

АЕК сезонава одигра одлично и во европски рамки, каде стигна до четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА. Новиот грчки првак беше елиминиран по голема борба од шпанскиот Рајо Ваљекано.