Шалке со екс-тренерот на Плимут ќе „брка“ пласман во Бундеслигата

Германскиот второлигаш, Шалке 04, за нов тренер на првиот тим го назначи Австриецот со босанско потекло Мирон Муслиќ, кој ќе има задача да го врати клубот во првата Бундеслига. 

Муслиќ минатата сезона го предводеше Плимут Аргил, со кој успеа сензационално да го елиминира Ливерпул од ФА Купот, а сега добива нов предизвик во Германија и ќе се обиде да ги подобри резултатите на тимот. 

Шалке секоја сезона има големи амбиции, но минатата се доведе во непријатна ситуација да се бори за опстанок во Цвајте. Управата се надева дека го направила вистинскиот избор со доведувањето на 42-годишниот стратег.