ВИДЕО: Шалке со бод е сигурен во Бундес, Штутгарт ќе игра бараж за опстанок

Екипата на Шалке 04 на две кола пред крајот го загарантира опстанокот во Бундеслигата откако пред својата публика во Гелзенкирхен одигра реми без голови против Аугсбург и го освои потребниот бод во претстојното коло.

Разликата меѓу Штутгарт и Шалке беше шест бода, но по поразот на Штутгарт, а ремито на Шалке 04, ситуацијата во Бундеслигата е јасна. Поради резултатот на „Велтинс Арена“, Штутгарт ќе заврши на 16 позиција на табелата и го чека бараж за опстанок во Бундеслигата.

  • Извештај од натпреварот: 

Во Цвајте, пак, патуваат Нирнберг и Хановер. Титулата со една рака веќе ја држи Баерн Минхен, Дортмунд и РБ Лајпциг имаат сигурна Лигата на шампионите, а борбата во последните две кола ќе биде голема за пласман во европските купови, односно последното место за Лигата на шампионите, како и визите за Лига Европа.

Наредното коло во германската Бундеслига се игра на 11/12 мај.