Шалке сака експресно враќање во елитата, се засили со соиграч на Чурлинов

Екипата на Шалке 04 имаше сезона за заборав, заврши на последното место во Бундеслигата и како „фенерџија“ заработи релегација во втората лига. 

„Братскиот“ клуб на Вардар освои само 16 бодови во германското првенство, сезоната ја заврши со гол-разлика од 25-86 и ништо не навестуваше дека може да се спаси од катастрофа. Поради тоа, местото во „Цвајте“ им беше загарантирано одамна, а амбициите сепак се високи за веднаш да се вратат во елитата. 

Имено, Шалке се засили со бундеслигашки фудбалер, во името на Марчин Камински од редовите на Штутгарт. Дефанзивецот кој беше соиграч на Дарко Чурлинов пристигнува како слободен агент, откако не се наметна во својот претходен клуб.