ВИДЕО: Шалке по кам-бекот го освои првиот бундес-бод во Гелзенкирхен

Екипата на Борусија Менхенгладбах беше на прагот да победи кај Шалке 04, но на крајот мора да се задоволи со реми (2-2) поради примен погодок во самиот финиш од средбата во Бундеслигата.

  • Извештај од натпреварот:

„Ждребињата“ беа во незавидна скоро цел натпревар, а еден блесок во пет минути им донесе пресврт. Сепак, се играше финишот, кога Херман со игра со рака направи пенал и домашниот тим во Гелзенкирхен го освои првиот бундес-бод сезонава.

Во првото полувреме, во 29. минута, Шалке 04 дојде до предност преку Залазар. И истата ја одржуваше, се до 72. минута кога Хофман изедначи, а пет минути подоцна Турам направи и целосен пресврт (1-2). Домаќините се тресеа за резултатот до самиот финиш кога успеаја да спасат бод со голот на Батлер од белата точка.

Менхнегладбах пропушти шанса да биде меѓу најдобрите со две победи на два меча.

Состави

Frank Kramer

4-5-1