• Иван Димовски

Екипата на Шалке 04 загуби на гостувањето кај Келн со 3-1 (0-0), во првата рунда на новата сезона во Бундеслигата. Повратникот од елитата беше немоќен и капитулира со десетмина по полувремето без погодоци. Келн ги казни грешките и запиша први бодови во сезоната.
- Извештај од натпреварот:
Само десет минути им беа потребни на гостите на „РајнЕнерџи Стадион“ да постигнат гол. Сепак, реагираше ВАР собата и го поништи огодокот на Залазар. Голем пех за Шалке беше и црвениот картон на Дрекслер во финишот на полувремето.
Голеадата тргна по паузата, Лука Јанис Килиан во 49. минута донесе предност на домаќинот. По нешто помирна игра, двојно водство за Келн донесе Флориан Каинц. Офанзивецот беше проигран од Адамјан, па стрелаше за 2-0 во 65. минута. Шалке успеа да се врати во игра преку Батлер, меѓутоа неговиот погодок го „поништи“ Љубичиќ во 80. минута поставувајќи го конечниот резултат.
Во следното коло Келн гостува кај РБ Лајпциг, додека Шалке 04 ќе игра дома со Борусија Менхенгладбах.