Шалке не успеа да му се доближи на Келн и запиша ново домашно разочарување

Келн

Шалке 04 им се врати на старите навики и загуби на домашен терен од дирекниот ривал за опстанок Келн (1-2) во 17. коло од Бундеслигата. 

Гостинските фудбалери го зададоа првиот удар, кога Чихос ја заби топката со глава во домашната мрежа. Тоа како да донесе опуштеност во редовите на Келн, па во остатокот од мечот доминираше тимот од Гелзеркирхен.

Серијата шанси донесе погодок на Хоуп, кој стигна до една одбиена топка и го постави конечниот резултат. Од тој момент играта се смири не се очекуваа никакви промени, но така не мислеа гостите. Тилеман испрати неодбранлив удар во надополнувањето и го шокира домашниот голман, за конечни 1-2.

Шалке е далеку од опстанок и ќе има проблеми да остане во елитата, ако продолжи со оваа форма. Келн, пак, е во подобра позиција да се бори со ривалите од долниот дел на табелата.