ВИДЕО: Шалке како уште да е во карантин, Вердер ја продлабочи кризата на „кралско сините“

Фудбалерите на Шалке 04 повторно ги разочараа своите фанови и запишаа нов неуспех во Бундеслигата, откако не извојуваа победа ниту во четвртиот натпревар, откако Бундеслигата им се врати на натпреварите. 

По поразите од Борусија Дортмунд (4-0), Аугсбург (0-3) и Фортуна Дизелдорф (2-1), попладнево некогашниот шампион на Бундеслигата остана без сили и против Вердер Бремен и на свој терен беше поразен со минимални 0-1 во попладневното дерби од 29. коло.

  • Извештај од натпреварот: 

Со овој пораз Шалке продолжува да тоне во бундеслигашката табела и сега падна на десеттата позиција и значително ги намали шансите за местата кои идната сезона водат во Европа. Вердер Бремен, пак, можеби ја запиша клучната овосезонска победа, затоа што со истата остана во живот за опстанок во германската елита (17-то место со три бода помалку од Мајнц 05, кој е на безбедната 15-та позиција).

Што се однесува до натпреварот, на празната „Велтинс Арена“, актерите на натпреварот не приредија допадлив фудбал, се играше борбено и на средината на теранот, но сепак, голот вреден победа за Вердер беше вистинско ремек-дело. 

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Ново коло, нов ЕВРОГОЛ – Битанкур од далечина го шокира Шалке во дербито

Во 32. минута, по една голема грешка во Тодибо, гостинскиот тим тргна во контра напад и Рашица додаде до Битанкур, кој иако имаше две одлични можности за додавање, се реши сам да ја заврши акцијата со удар и не погреши, затоа што постигна прекрасен погодок од далечина. 

На полувреме се замина со позитива на Вердер од 0-1, но и покрај тоа избраниците на Вагнер не успеаја да го поправат лошиот впечаток од првиот дел и заслужено останаа со празни раце во уште едно дерби на германскиот фудбал. 

Шалке 04 својата нова шанса за победа ќе ја има за една седмица кога ќе се сретне со тимот на Унион Берлин, додека Вердер на свој терен ќе го пречека Ајнтрахт Франкфурт.