ВИДЕО: Шалке и натаму се мачи, Унион Берлин откина бод на „Велтинс Арена“

Шелке 04 никако не може да го „сркши мразот“ во новата бундеслигашка сезона, откако денес и на четвртиот меч не запиша победа на дуелот со Унион Берлин (1-1).

Првиот дел донесе изедначено надигрување, со полушанси на двете страни. Моментите кои го одлучија конечниот резултат се случија во продолжението.

  • Извештај од натпреварот: 

Домашниот голман Роноу направи лоша проценка и му овозможи на Фридрих да се израдува на водечкиот погодок. Гостите ја искористија првата голема шанса за да му зададат удар на противникот.

Одговор следуваше во 69. минута, кога Пасиенсиа со глава погоди на првата статива, по корнерот на Раман. Тоа донесе надеж кај екипата од Гелзеркирхен дека може да запише прв триумф во новата сезона.

Но, квалитетот на екипите беше причината за нерешениот резултат по конечниот судиски свиреж. Шалке остана во опасната зона со едно реми и три порази, а тимот од Берлин се зацврсти на средината од табелата.