• Иван Димовски

Челниците на Шалке 04 размислуваат да тргнат по потписот на Дарко Чурлинов, кој минатото лето се пресели во Барнли токму од овој клуб. За ова пишуваше угледниот германски медиум „Скај Спортс“.
Македонскиот репрезентативец беше еден од главните протагонисти во походот на Шалке за враќање во елитата на Германија, меѓутоа потоа клубот немаше доволно пари за да го откупи. Чурлинов беше меѓу омилените и на навивачите, секогаш даваше свој максимум и поради тоа е „популарен“ во Гелзенкирхен.
Чурлинов тргна солидно во Барнли, но бргу падна во втор план. Поради тоа, можеби трансфер назад во Шалке би било добро и за македонското крило. Засега нема официјални контакти меѓу клубовите, но има доста време до следниот преоден рок.