• Мартин Танасковски

Германскиот клуб Шалке 04 ќе направи уште еден обид да го ангажира легендарниот Раул Гонзалез како нов тренер.
Клубот од Гелзенкирхен викендов остана без тренерот Карел Гераертс, неговиот помошник Тим Смолдерс и спортскиот директор Марк Вилмотс по поразот од Дармштад со 3-5. Сега клубот итно бара нов тренер и ја посакува шпанската легенда, пишува „Релево“.
Раул моментално е на чело на вториот тим на Реал Мадрид. Тој играше за Шалке 04 две сезони помеѓу 2010 и 2012 година. Подоцна се појавија шпекулации дека клубот сака да го назначи за тренер, но не беше постигнат договор.