• Мартин Танасковски

Аденис Шала игра во одлична форма за Шкендија, а неа ја потврди на гостувањето кај Скопје на „Железарница“ со нов атрактивен гол во рамки на ПМФЛ.
Крилниот играч влезе откосо, си создаде простор и биеше во мрежата на голманот Андреја Ефремов. Целата акција ја повлече капитенот Ферхан Хасани, кој го проигра Шаља кој беше позициониран лево, а потоа тој си ја заврши задачата.
- Голот на Аденис Шала против Скопје:
За Шала ова беше петти гол во дресот на Шкендија сезонава.