ВИДЕО: Шала стрелец во големото реми на Шкендија со гигантот Динамо Киев

Македонскиот прволигаш и поранешен првак, Шкендија, одигра уште еден силен контролен натпревар во рамки на зимските подготовки во Анталија и ремизираше со украинскиот гигант Динамо Киев, со конечен резултат 1-1. 

Тетовчани одиграа исклучително квалитетен меч против силен тим како Динамо, кој во минатото имал многу славни денови во меѓународни рамки, особено во времето на Валериј Лобановски и Андреј Шевченко. 

Стрелец на единствениот погодок за македонскиот тим беше Аденис Шала во 26. минута, а во вториот дел конечните 1-1 ги постави 22-годишниот Владислав Ванат, еден од поголемите таленти на украинскиот тим. Шкендија се подготвува за продолжението на сезоната во ПМФЛ и ќе се бори за самиот врв со најблиските конкуренти, Шкупи и Струга Трим Љум.