Шаќири презадоволен: И против Србија ја демонстриравме нашата сила!

Швајцарците го направија првиот пресврт на Мундијалот по негатива на полувреме и на крајот со 1-2 ја совладаа репрезентацијата на Србија, по што се доближија на чекор од пласман во осминафиналето. Стрелецот на победничкиот гол, Џердан Шаќири, по натпреварот изјави:

„Ние и на денешниот натпревар ја демонстриравме нашата сила и напредокот кој го имаме во играта. Oсобено тоа го покажавме во второто полувреме. Имаа предност од 1-0, но во продолжение направивме целосен пресврт. Во репрезентацијата имаме играчи кои играат во врвни европски клубови, а тоа сигурно дека дополнително ги поткрева нашите апетите".

Во последното коло Швајцарија игра против веќе отпаднатата Костарика и со најмалку бод сигурно ќе обезбеди пласман во осминафиналето.