Шаќири: Пеналите се секогаш 50-50, ни фалеше само малку среќа

Швајцарија беше изненадување на Европското првенство (ЕП) откако ја елиминира Франција, а малку фалеше да падне и Шпанија. „Фуријата“ го завршија сонот на противникот по изведување на пенали, а по дуелот коментираше Џердан Шаќири.

„Горд сум на целиот мој тим. Пеналите се секогаш 50-50, а јас бев доста нервозен додека ја гледав серијата. Мислам дека ни фалеше малку среќа на овој натпревар против Шпанија. Бевме доста добри, но на крајот мораме да се помириме со елиминацијата“, изјави Шаќири.

Џердан Шаќири беше еден од најдобрите играчи на Швајцарција на овој турнир, а постигна три гола во настапите на ЕП 2020.

Состави

Мурат Јакин

3-4-3

    Луис Енрике

    4-3-3