• Саше Љолес
Фудбалската репрезентација на Белорусија поради забрана за настап на домашен терен, својот квалификациски натпревар за Европското првенство ќе го одигра во Србија. Белорусите се „домаќини“ на репрезентацијата на Швајцарија која малку ослабена ќе допатува на ова гостување во Белград.
Се очекуваше Џердан Шаќири и Гранит Џака да допатуваат, но информациите од Швајцарија велат дека селекторот Мурат Јакин го изоставил Шаќири поради повреда. Двајцата фудбалери се родени во Косово и не уживаат голема популарност меѓу луѓето во Србија, особено поради гестикулациите што ги правеше Шаќири, кога во минатото се соочуваа Швајцарија и Србија.
Освен Шаќири, на списокот на селекторот го нема ниту Грегор Кобел кој исто така е повреден, но се очекува заменик-капитенот на Арсенал, Гранит Џака да се најде во составот за натпреварот против Белорусија.
Џердан Шаќири се повредил на последниот натпревар за својот клуб, Чикаго Фајер, па затоа нема да биде во составот и за следниот меч на Швајцарците кој ќе го одиграат три дена подоцна, овој пат против селекцијата на Израел.