Шаќири: Го заслуживме ова реми, шансите остануваат 50-50!

И во петтиот натпревар од европското лето Шкендија остана непоразена. Ремито во Стокхолм против една од најдобрите екипи во оваа земја, АИК Солна е голем потфат, посебно ако се знае дека Швеѓаните ја сметаа тетовската екипа за тотален аутсајдер.

Сепак, Артим Шаќири пред натпреварот изјави дека ако биде на висината на задачата, неговата екипа ќе го мине АИК. Првиот дел од задачата е солидно завршен, па вечерашните 1-1 се добра најава за дуелот следниот четврток во Македонија.

„Како игравме вечерва, мислам дека го заслуживме ова реми. АИК е навистина силен тим и не е лесно да се ремизира на гостински терен против валва екипа. Домашните фудбалери одиграа добар натпревар и следната недела не чека многу поголема борба ако сакаме да продолжиме на европската сцена.

Во Скопје ќе имаме многу поголема поддршка од трибините. Шансите се 50-50“, рече Шаќири.

Цела одбрана на Шкендија и голманот Захов заслужуваат високи оценки, со оглед на тоа што успеаја да ги сопрат нападите на една од најдобрите шведски екипи. Реваншот е следниот четврток во Скопје.