Ништо од трансфер во Шпанија, Шаќири се врати во матичниот клуб

Иако се ретки случаите на враќање од МЛС лигата во Европа, ги има се повеќе во денешниот фудбал.

Базел го објави трансферот на офанзивниот играч за врска Џердан Шаќири. 32-годишниот Швајцарец потпиша договор до летото 2027 година. Тој се приклучи на својот нов клуб како слободен агент. Шаќири ги играше последните две години за Чикаго фајр и запиша 75 натпревари за клубот од МЛС лигата, постигнувајќи 16 голови и 13 асистенции.

Тој е поранешен фудбалер на Базел, за чиј прв тим одигра 130 натпревари со 23 гола и 27 асистенции во периодот од 2009 до 2012 година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.