Шаќири го доведе Ристе Илијовски во косовски Фљамуртари

Цените на фудбалерите во соседно Косово ова лето рапидно скокнаа, па бројот на странски фудбалери е уште поголем. Некои македонски професионалци се решија да ја одберат косовската Суперлига, како би добиле шанса за настап. Младиот страничен фудбалер Ристе Илијовски го засили косовски Фљамуртари на договор од една година.

Битолчанецот доаѓа на препорака на тренерот на екипата, поранешниот македонски репрезентативец Артим Шаќири, кој работи во оваа екипа. Илијовски е претставен во новата средина и заедно со тројца косовски фудбалери, се летни засилувања на Фљамуртари.

Минатата сезона Ристе Илијовски настапуваше за Пелистер, а во ПМФЛ го носеше дресот и на Победа и Младост Царев Двор. Кратко настапуваше и за исландски Хотур и во соседна Албанија.