Шаќири: Ако одиграме според договорот ќе го елиминираме АИК!

По двете балтички искуства и позитивните резултати против претставници на Ерменија и Летонија, вицешампионот Шкендија пристигна во Скандинација на дуел против АИК Солна од Шведска. Експедицијата на тетовчани пристигна во Стокхолм, а пред официјалниот тренинг тренерот Артим Шаќири зборуваше пред домашните медиуми.

„Максимално го почитуваме тимот на АИК. Домаќините се фаворити, но тоа е само на хартија, а на теренот дојдовме да одиграме квалитетно и по добар резултат. Ако одиграме како што ќе се договориме, ќе се пласираме во следното коло.

Оптимист сум дека ќе извлечеме добар резултат. Имаме доволно информации за АИК, а добри ги анализиравме“, рече Шаќири.

Натпреварот меѓу АИК и Шкендија се игра в четврток од 20:00 часот, а во игра е пласман во плеј-оф фазата на Конференциската лига на УЕФА.