• Мартин Танасковски
Една од најпознатите светски пејачки Шакира повторно е дел од фудбалската магија на светските првенства, откако ја претстави новата песна „Даи даи“ посветена на претстојното Светско првенство 2026, кое летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Песната е снимена во соработка со нигерискиот музичар Бурна Бој, а видеоспотот е реализиран на легендарниот Маракана во Рио де Жанеиро.
From Maracaná Stadium, here is “Dai Dai,” the @FIFAWorldCup Official Song 2026. Coming 5/14. We’re ready! @burnaboy pic.twitter.com/UcfpO0s7jN
— Shakira (@shakira) May 7, 2026
Ова не е првпат Шакира да биде поврзана со Мундијалите. Нејзините хитови „Вака Вака“ и „Ла Ла Ла“ станаа едни од најпознатите фудбалски химни, како официјални песни на турнирите во Јужна Африка во 2010 и Бразил во 2014 година.











