• Горан Упале
Украински Шахтјор уште еднаш му зеде мерка на Бешикташ и ги продолжи настапите во квалификациите за групната фаза во Лигата на Европа.
Некогашниот редовен учесник во Лигата на шампионите и во вториот натпревар го надигра турскиот гигант предводен од Оле Гунер Солскјер и во Краков извојува триумф од сигурни 2-0. На првиот натпревар во Истанбул беше 2-4 за Шахтјор.
Автори на вечерашниот триумф на Украинците беа Кевин со гол во 12. минута и Елиас во судиското надополнување од првото полувреме. Во следната рунда Шахтјор одново ќе патува на југ, затоа што за противник го има грчки Панатинаикос.
Пласман во третото коло обезбедија и некогашниот тим на Тричковски, АЕК Ларнака, кој пред својата публика славеше над Целје од 2-1, како и Хакен од Шведска, кој приреди изненадување и по пеналите го исфрли Андерлехт.





