• Мартин Танасковски
Шахтјор Доњецк нема конкуренција во Украина, а тоа го докажува сигурната победа во дерби-дуелот со Динамо Киев (3-1) и високата бодовна разлика на табелата.
- Извештај од натпреварот:
Домаќинот на „Олимпискиот стадион“ дојде до триумф благодарение на одличното второ полувреме во кое стрелаа двајца играчи со идентично презиме - Маркос и Марлос. Така, Шахтјор е апсолутен лидер, со 16 бода повеќе во однос на ривалите и ита кон нова титула.
Двата тима се надигруваа 38. минути, а тогаш падна првиот погодок. До водство на изненадување дојдоа гостите од Киев, преку Бијалски, но радоста траеше само една минута затоа што на спротивната страна веднаш возврати Марлос. Прашањето околу победникот се реши во 67. и 74. минута, кога во листата на стрелците за Шахтјор се запишаа Марлос и Маркос.
Шахтјор во доминантната сезона има 62 освоени бода и се наоѓа пред Зориа, Десна и Динамо Киев кои имаат по 46 бода. Лидерското место во укранскиот шампионат носи директно место во Лигата на шампионите, додека втората позиција носи квалификации, па останува жестока битка за второто место во елитата.