ВИДЕО: Шахтјор на „бразилски погон“ преку АЗ до полуфинале во КЛ!

Украинскиот Шахтјор ремизираше на гостувањето кај АЗ Алкмаар (2-2) во четвртфиналниот реванш од Конференциската лига на УЕФА, обезбедувајќи пласман во полуфиналето со севкупен резултат 5-2. 

  • Извештај од натпреварот:

За Украинците беше сосема доволна залихата од првиот меч кој го добија со сигурни 3-0, а стрелци на погодоците на денешниот натпревар беа Бразилците Алисон и Лука Меирелеш. 

Холандскиот претставник ја тресеше мрежата преку Исак Јенсен и Матеј Син, но немаше сили за било каква сензација. 

Шахтјор го очекува својот противник во полуфиналето. Најверојатно, тоа ќе биде англискиот Кристал Палас, кој има убедливи 3-0 од првиот меч со италијанската Фиорентина.