ВИДЕО: Шахтјор ја победи Зорја и го освои Купот на Украина

Шахтјор

Откако ја загуби трката во украинскиот шампионат, Шахтјор стигна до трофејот во украинскиот Куп. Во финалето, екипата на Луческу беше подобра од Зорја со 0-2 (0-1).

Фудбалерите на укринскиот вицешампион одиграа еден рутински натпревар и со по еден гол во секое полувреме стигнаа до нова титула. Пред полувреме, Гладки донесе водство за Шахтјор, а истиот фудбалер стави точка на натпреварот во 57. минута за конечни 0-2.

Ова е десетта титула во Купот на Украина за екипата од Доњецк, а прва по 2013 година. Рекордер во ова натпреварување е екипата на Динамо Киев со 11 титули.