• Сашо Поповски
Микајло Мудрик е најновото име меѓу младите ѕвезди во европскиот фудбал. Украинскиот интернационалец има 21 година и игра во редовите на Шахтјор.
Голем број гиганти го следат напредокот на кариерата на младиот офанзивец. Неговата брзина и техника го дели од останатите и го привлекува вниманието на клубови како Арсенал, Манчестер Сити и Баерн Минхен.
Меѓутоа, украинскиот клуб нема лесно да се откаже од својата голема надеж. Италијанските медиуми пишуваа дека тој има вредност од 70 милиони евра, но во очите на Шахтјор, талентираниот фудбалер не смее да замине за помалку од 100 милиони евра.
Роден во украинскиот град Краснохрад, Мудрик го започна своето фудбалско образование на деветгодишна возраст во Металист Харков, пред да се пресели во Днепар Днепропетровск. Таму остана две години пред да се пресели во Шахтјор Доњецк во 2016 година, каде што влезе во младинскиот систем на клубот. Тогаш Мудрик ги доби првите можности во сениорскиот фудбал со неколку позајмици во Арсенал Киев и Десна Чернихив.
Но, сезоната 2021/.22 донесе пробив за 21-годишниот играч на фудбалската мапа на Европа. Мудрик настапи 28 пати за првиот тим на Шахтјор, постигнувајќи два гола и 10 асистенции во тој процес.