Шахјтор даде 15 милиони за анонимус без ниту еден професионален настап

Украинскиот фудбалски гигант, Шахтјор, повторно ја изненади фудбалската јавност, откако во последниот ден од зимскиот преоден рок се реши да доведе млад талент од Бразил. 

Тимот кој долги години со успеси настапува во Лигата на шампионите, продолжува да носи „анонимуси“ од Јужна Америка, но трансферот на Тете е далеку поразличен од останатите.

Младиот офанзивец во Европа доаѓа од редовите на Гремио, но зад своето име нема запишано ниту еден професионален настап, односно не одиграл ниту една минута за првиот тим на бразилскиот прволигаш. 

Сепак, тоа не им пречеше на раководните луѓе на Шахтјор за него да издвојат 15 милиони евра, и да потпишат петгодишен договор со Тете со откупна клаузула од 150 милиони евра.