Шахин е минато, Борусија Дортмунд му врачи отказ на турскиот стручњак

Поразите во петокот во Франкфурт и синоќа во Болоња ја „прелија чашата“ и Борусија Дортмунд се реши да реагира. Нури Шахин, клупската легенда и еден од милениците на „жолтиот ѕид“, доби отказ и европскиот вицешампион наскоро ќе добие нов тренер.

По заминување на Един Терзиќ и играчките промени, Борусија Дортмунд ја загуби физиономијата и повеќе не е недопирлива ни во Бундеслигата, ни во Лигата на шампионите.

Наследникот на Шахин би требало да биде соопштен до крајот на неделава. Борусија Дортмунд сезонава досега победи седум пати, четири пати ремизираше, но забележа дури седум порази. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.