• Мартин Танасковски
Екипата на Динамо Минск успеа да слави во Скопје со 1-0 против Силекс, да ја анулира негативата од првиот меч, а потоа по пенали со резултат 6-5 се пласира во следната рунда на Конференциската лига на УЕФА. По мечот, тренерот Олександр Шагојко им честита на играчите за изданието.
„Одигравме тежок меч за нас како што очекувавме. Знаевме дека ни следи ваков стил на игра, плус влијаеше доста на мечот и топлото време. Првото полувреме беше поактивно. Имавме повеќе од еден добар момент во првиот дел и можевме да дадеме повеќе голови. Но како и да е среќни сме што сме понатаму. Имавме доста млади играчи во тимот. Собираме искуство во еврокуповите, но и покрај тоа играчите дадоа добри решенија на проблемите кои ги имавме“, изјави Шагојко.
Динамо Минск од Белорусија во следната рунда од Конференциската лига ќе игра со Нефтчи од Азербејџан.



