• Иван Димовски

Фудбалерите на Струга Трим Лум променливо тргнаа во есенскиот дел на ПМФЛ и освоија само бод во воведните три рунди. Сега ги очекува дуел против Вардар кој може да значи крај на шампионскита амбиции при пораз или целосно рамноправно враќање во трката за титулата при победа.
Пред натпреварот со лидерот во мак-фудбалот своите очекувања ги сподели Буњамин Шабани.
„Иако не стартувавме како што посакувавме, работевме напорно за да им се вратиме на победите и мислам дека дојде вистинскиот момент да почнеме да победуваме и да се вратиме на позитивните резултати. Вардар е лидер на табелата и има квалитетни фудбалери, но и ние имаме одличен колектив што може да се носи со секој противник. Ги пропуштив првите натпревари поради повредата што ја добив во подготвителниот период, но сега тоа е зад мене и подготвен сум да го дадам максимумот и да му помогнам на тимот“, изјави Шабани.
Натпреварот на „Градскиот стадион“ во Струга се игра во терминот од 14:00 часот.






