• Горан Упале

По паузата заради последниот овогодишен репрезентативен собир, викендов прволигашите се враќаат на терените ширум Македонија, а дербито на 15. коло во ПМФЛ се игра во Струга меѓу домашната екипа и Силекс.
Натпреварот против кратовчани го најави Буњамин Шабани, кој вети голема борба и три бода за својата екипа.
„За нас секој следен натпревар е многу важен. Одиме постепено од натпревар во натпревар. Максимално сме подготвени и верувам дека ќе го извлечеме максимумот. Силекс е екипа која што поседува квалитет, но ние како тим имаме свои сметки, работевме за овој натпревар и можам да ветам дека ќе дадеме сè од себе за да го извлечеме најдоброто од овој натпревар, а тоа значи победа“, вели Шабани.
Атмосферата во редовите на Струга Трим Љум е на високо ниво, особено по победата над Шкендија во претходното коло со која ја сочиваа лидерската позиција на табелата.