Шабани: Никој не веруваше во ваква импресивна победничка серија

буњамин Шабани

Струга Трим Љум е неприкосновен лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига по осум одиграни кола. Тимот на Срѓан Захариевски победи на сите меча и направи висока разлика во однос на ривалите.

Капитенот на екипата Буњамин Шабани изјави дека никој во тимот не очекувал ваква серија победи на почетокот од сезоната.

„Во Струга сите сме среќни за почетокот на сезоната. Да бидам искрен, не очекувавме да имаме ваква импресивна серија, од осум натпревари - осум победи. Според мене, клучот за успехот е заслугата на групата играчи и нивната целосна посветеност. Исто така и пријателството што го имаме во тимот“, рече искусниот фудбалер.

По репрезентативната пауза, Струга Трим Љум ќе гостува кај екипата на Македонија Ѓорче Петров.