• Иван Димовски

Новиот второлигаш Шкендија Арачиново неодамна се раздели со Еркан Мурсели, тренерот кој го водеше тимот до ВМФЛ. Сега, оваа екипа го промовира неговиот наследник во името на Шабан Сулиман.
37-годишникот ќе го има првиот самостоен тренерски ангажман, откако минатата полусезона беше дел од стручниот штаб на Мурсели. Во својата кариера како тренер Сулиман беше асистент во Беса, косовска Лирија и Гостивар, а работеше и како предводник на младински тимови во Работнички.
Во функција на помош за Сулиман во неговиот стручен штаб ќе биде легендата на Шкендија Арачиново, Евзи Алиу. Тој ќе има консултантска улога и ќе помага за водењето на тимот.
Управата на тимот од Арачиново најави дека во следниот период ќе промовира и засилувања за новата сезона во која ќе имаат кам-бек меѓу второлигашите.
ФОТО: KF Shkëndija Haraçinë 77/Facebook