ВИДЕО: Севиља со една нога во Куп-четвртфинале, „нула“ на Бетис и Сосиедад

Екипата на Севиља е многу блиску до пласман во четвртфиналето на шпанскиот Копа дел Реј затоа што во првиот натпревар од осминафиналната рунда со 1-3 (0-1) славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао.

Нолито, Андре Силва и Бен Једер ја завршија работата за тимот од Андалузија да дојде до големо славје во Баскија.

Тројцата постигнаа по еден гол, а најдобрата оцена на мечот ја заслужува Нолито, кој покрај првиот погодок во 6. минута, забележа и две асистенции. Почесниот погодок за Билбао на овој меч го даде Сан Хозе, за изедначување на 1-1.

На вториот натпревар, Бетис и Реал Сосиедад одиграа реми без голови, па така, сигурно е дека на „Аноета“ ќе има возбудлив меч и голема борба за пласман меѓу најдобрите осум во шпанскиот Куп.