ВИДЕО: Севиља со десетмина го сруши Ливерпул, младиот Поцо е јунакот на Лопетеги

Европскиот првак Ливерпул го претрпе и вториот пораз на американската турнеја. Екипата на Јирген Клоп загуби од Севиља на Јулен Лопетеги со 1-2 (1-1) само три дена по поразот од Борусија Дортмунд.

На две недели до Суперкупот на Англија, на Клоп му недостигаат фудбалерите од Јужна Америка и Африка, а со оглед на тоа што Ливерпул практично и не купуваше, изборот на фудбалери на Германецот му беше значително скратен.

  • Извештај од натпреварот: 

На „Фенвеи Парк“ во Бостон, шпанскиот тим извојува победа со голот на младиот Aлехандро Поцо по грешната проценка на Симон Мињоле во 90. минута во моментите кога Ливерпул имаше човеко повеќе по исклучувањето на Њањон во 74. минута по крвничкиот старт врз Ларучи.

Претходно во првиот дел поведоа фудбалерите на Севиља со голот на Нолито во 37. минута, а израмни Белгиецот Дивок Ориги седум минути подоцна. Лопетеги шанса им даде на скоро сите засилувања и на моменти Севиља играше допадливо и организирано.