Севиља, Порто, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Рома - познати шеширите во ЛЕ

По завршувањето на трите квалификациони кола, Европската куќа на фудбалот ги подготви шеширите пред утрешната ждрепка за групната фаза на Лига Европа. Трофејот од натпреварувањето го брани Челзи, а клубовите од Англија и Шпанија и оваа година се најбројни. Македонија ќе ја претставуваат Стефан Ристовски со Спортинг и Стефан Спировски со Ференцварош.

Севиља, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Рома се дел од фаворитите за трофејот, а финалето на 27 мај следната година ќе се игра во полскиот град Гдањск. 12 групи со по четири екипи ќе ја сочинуваат следната фаза на натпреварувањето, а на 24-те екипи кои ќе играат во нокаут-фазата ќе им се приклучат и осумте третопласирани екипи во групната фаза на Лигата на шампионите. 

УЕФА ќе подели 560 милиони евра во ова натпреварување оваа натпреварувачка сезона. 

  • Шешири пред ждрепката за групната фаза на Лигата на Европа: