Севиља победи, борбата за опстанок е луда: Разликата од 12. до 18. место е четири бода! (ВИДЕО)

Екипата на Севиља направи огромен чекор кон опстанокот во шпанската елита, откако со пресврт славеше над Еспањол со 2-1 во драматичен натпревар од 35. коло во Примера.

  • Севиља - Еспањол 2-1:

По мирното прво полувреме без голови, вистинската драма следуваше во продолжението. Севилја уште на стартот од вториот дел ја затресе мрежата преку Алексис Санчез, но по ВАР проверка погодокот беше поништен поради офсајд. Само десет минути подоцна гостите поведоа преку Тајрис Долан и дополнително ја зголемија тензијата на „Санчез Писхуан“.

Сепак, домаќините не се предадоа и во 82. минута стигнаа до израмнување преку Кастрино, кој ја искористи грешката на гостинскиот голман и ја врати надежта кај андалузискиот тим. Кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши без победник, следуваше експлозија на трибините. Во првата минута од судиското продолжение Алексис Санчез одлично ја спушти топката до Акор Адамс, а нигерискиот напаѓач ја испрати во мрежата за голема победа од 2-1.

  • Елче - Алавес 1-1:

Без победник одиграа Елче и Алавес (1-1) кои исто така се во трката за опстанок. 

Лудо ќе биде до крајот во Шпанија. Севиља е 12. на табелата со 40 бода, а претпоследниот Леванте има 36 бода. Во четири бода се дури седум екипи во шпанската елита во борбата за опстанок.